Кинси Волански повторно најде начин како да го сврти вниманието на светските медиуми. Русокосата Американка стана позната минатата година кога влезе во оскуден костим за капење за време на финалето во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем во Мадрид, а вчера повторно имаше свое „шоу“.

Таа најде интересен начин да му искаже почит на кошаркарската легенда Коби Брајант, која почина трагично пред три дена. Волански кратко го прекина машкиот слалом од Светскиот куп во Шладминг, Австрија, откако упадна на целната рамнина речиси полугола, мавтајќи со транспарент на кој пишуваше „Почивај во мир, Коби!“