Лидерот во македонскиот женски ракометен шампионат ЖРК Куманово неочекувано остана без тренер откако актуелниот предводник Симе Симовски реши да си поднесе оставка. Засега не се познати причините за овој потег на Симовски, но раководството на клубот ја прифатило оставката и е во потрага по нов стратег.

Куманово има 13 победи на 13 меча во женската Супер лига.