Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, навести дека го има името на Алексис Санчез во својот список на играчи на кои ќе смета за следната сезона.

„Црвените ѓаволи“ го испратија чилеанскиот напаѓач на позајмица во Интер, ова лето, но фудбалер доживеа тешка повреда на глуждот во октомври и се уште е надвор од терените. Неговото враќање се очекува до крајот на месецов, а според италијанските медиуми, Интер нема да ја активира опцијата за откуп на договорот во јуни.

„Алексис ќе се врати во текот на летото и ќе ни докаже дека погрешивме“, кратко прокоментира Оле Гунар Солскјер.

Чилеанскиот фудбалер има 31 година, а постигна само еден гол на седум натпревари оваа сезона.