Владата формира комисија за спроведување на мерката за клима-инвертери

28.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Владата формира комисија за спроведување на мерката за клима-инвертери

На денешната седница Владата донесе решение за формирање централна комисија за следење на спроведувањето и имплементирањето на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима-уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и во Скопје, а кои користат енергетски неефикасни уреди за греење во своите домаќинства, кои влијаат на зголемување на концентрација на ПМ 10 и ПМ 2,5.

Владата ги задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање, канцеларијата на заменик-претседателката задолжена за економски прашања, Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и администрација, кои се во функција на исполнување на оваа мерка, да именуваат по еден член и негов заменик и тоа го препорача и до АД „Електрани на Северна Македонија“.

Во комисијата рамноправни членови се и по еден претставник од граѓанските организации „Движење за околината Молика – ДОМ Битола“, еколошкото здружение „Движење екогерила Тетово“ и од Македонската платформа против сиромаштија – МППС и сите тие се задолжени за постојана контрола и мониторинг на целиот процес на имплементација на оваа мерка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата