Коби Брајант не беше само неверојатен кошаркар, еден од најдобрите на сите времиња. Тој на овој свет нема да биде запаметен по мајсторските партии кои ги пружаше во НБА-лигата, туку и по неговите добри дела.

Брајант беше неуморен, особено кога стануваше за помладите фанови. Гледаше на секој можен начин да им помогне на сите, да измами насмевки и солзи радосници на нивните лица.

Видео-записот во продолжение доволно говори за неговата величина. Во 2018 година ја прифати понудата да гостува во позната емисија и да изненади едно шест годишно момче кое боледува од епилепсија.

Брисон до својата четврта година можел да игра и да трча како и сите деца, но еден ден неговиот живот се сменил, откако му било дијагностицирано дека болекува од епилепсија.

На ова момче неостварена желба му била да има дрес од Коби Брајант. Легендарниот кошаркар за време на емисијата изненадувачки се појави од зад сценаната…

„Наша обврска е да си помагаме колку што можеме“, речи Коби на ова гостување. Но, ова е само еден мал дел од неговите големи дела. Смртта на Коби ги погоди и најмладите…