Хелихоптерот на Трамп ист како на Коби Брајан, со една клучна разлика: Кога ќе го погледате внатре нема да ви биде добро (видео)

28.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хелихоптерот на Трамп ист како на Коби Брајан, со една клучна разлика: Кога ќе го погледате внатре нема да ви биде добро (видео)

Цената на овој хелихоптер изнесува меѓу 5 и 7 милиони долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп нема само авиони во приватна сопственост, има и неколку хелиротери, а еден од нив е токму Сикорски Ѕ 76, модел во кој настрада кошаркарот Коби Брајан.

Во прашање е луксузен хелихоптер со посебен дизајн и позлатен во кабината за патници.

Трамп за внатрешниот дизајн на хелихоптерот го ангажирал познат дизајнер, Ерик Рот, кој инаку во 2012 година бил дизајнер и на неговиот авион.

Се верува дека цената на овој хелихоптер е помеѓу 5 и 7 милиони долари, но за луксузното преуредување на ентериерот Трамп издвоил уште 750 илјади долари. Точниот износ кој е вложен во опремата дизајнерот ја чува како тајна.

Внатрешноста е оплеменета со 24 каратно злато, од појасите за врзување до рачките. Во злато е направен и семејниот грб на Трамп.

- Кога на него пишува “Трамп“, тоа мора да биде од убаво поубаво. Овој хелихоптер го оправдува своеото име – рекол дизајнерот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата