Македонија ЃП забележа минимален пораз од 3:2 на денешната контрола во Турција против екипата на Черно Море од Бугарија. Ѓорчепетровци се договорија дуелот со бугарскиот прволигаш да се одигра 4х30 минути за да можат да се проверат повеќе варијанти и во двата тима.

По 120 минути на теренот во Аланија, бугарскиот тим оствари минимална победа. Черно Море поведе со голот на Куриер во 14. минута, по што Блажевски израмни на 1:1 во 33. минута. Следуваше ново водство на Черно Море со голот бр. 2 на Куриер во 55. минута, по што во 92. минута Бугарите погодија и за 3:1 со голот на Минчев. Последниот гол на средбата беше дело на Јашаровски во 98. минута.

ФК МАКЕДОНИЈА ЃП: Марко Јовановски, Кристијан Пецов, Филип Мишевски, Мартин Ковачев, Давид Атанасовски, Сефер Емини, Ермедин Адем, Боби Божиновски, Арди Воша, Дејан Блажевски, Пауло Карваљо.
Резерви: Стојан Димовски, Дамјан Серафимов, Филип Алексовски, Фернандо Аугусто, Филип Петров, Кристијан Филиповски, Лука Трајковски, Дејан Тантуровски, Марко Стојчевски, Ален Јашаровски, Кипријан Петрески, Емин Бахтиари.