Неделковски: Каевски функцијата во АМС ќе ја напушти БЕЗ НИТУ ЕДЕН РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТ (ВИДЕО)

28.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неделковски: Каевски функцијата во АМС ќе ја напушти БЕЗ НИТУ ЕДЕН РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТ (ВИДЕО)

Нема ден без нов скандал во Агенцијата за млади и спорт. Дарко Каевски и нововработените негови другарчињата не познаваат ниту еден законски пропис, особено при реализацијата на капитални инвестици, па три години не видовме ама баш ништо. Со тоа, Претседателот на СДММ седнува на пиедесталот на неспособни кадри на СДСМ кои својата функција ќе ја напуштат без ниту еден реализиран проект, изјави на денешната прес конференција Влатко Неделковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, да почнеме со ред. Кога го презеде кормилото на Агенцијата за млади и спорт во Јуни /2017, Каевски затекнал доспеани времени ситуции за претходно започнати проекти. И покрај тоа што во Буџетот за 2017 година биле предвидени средства за нивно плаќање, Директорот и неговите наредбодаватели одлучуваат да не ги платат во тековната година, туку истото го прават во текот на 2018-та година. Дали ова укажува дека само купувале време за да се пазарат и да ги рекетираат оние на кои Агенцијата им должи за веќе изградени објекти?“ вели Неделковски.

Тој истакна дека  приказната за базенот во Охрид  стана историска,  па како и не би станала кога на власт го имаме СДСМ и најнеспособниот директор во историјата на Агенцијата-Каевски.

„Се изнагледавме тепачки на градилиштетото кај Билјанини извори, но не видовме ниту еден потег на Каевски со кој ќе ја подобри динамиката на изградба и ќе го стави во употреба базенот до крај на 2019-та, како што  впрочем и одговорил на пратеничко прашање во Собранието. Каевски сега мора да одговори дали потпишал Анекс за продолжување на рокот за изградба на базенот, наместо раскинување на договорот за изведба и наплата на пенали? Дали рокот за изградба е третпат продолжен и колку тоа ја чини државата? Крај на незаконието во агенцијата е последниот тендер за изградба на затворени пливачки базени. Каевски првично вети изградба на 29 базени кои ќе чинеле по 50.000 евра еден. Каевски, кој што семејно е во градежниот сектор би требало да знае колку чини еден таков проект. До сега три пати е објавен оглас за градба на базени.  Тендерите во  март за 14 базени и октомври за 6 базени пропаднаа, а на последниот од 01.11.2019 година, најниската понуда била за неколку десетици проценти повисока од проценетата вредност наведена во тендерската документација.“ истакна Неделковски

Неделковски изјави дека понудата се коси со одредбите од законот за јавни набавки и законот за јавна внатрешна финансиска контрола. Останува отворено прашање  како Каевски и СДСМ ќе реагираат на мислењето кое треба да го издаде управната контрола од Бирото за јавни набавки, која постапува по службена должност за секоја постапка за набавка на над 2.000.000 евра, согласно член 172 став (3) од ЗЈН?

„Јасно е дека или тендерот ќе биде поништен по трет пат и Каевски уште еднаш ќе ја покаже својата неспособност, или ќе добиеме екстремно скапи базени кои ќе треба да ги плаќаат граѓаните. Дека сето ова е вистина потврдува и фактот, дека нивото на реализација на капиталните инвестиции во спортот за 2019 со се кратењето во ребалансот е околу 53%. Во минатите 3 години кумулативно пропаднаа околу 4 милиони евра, средства кои неспособната гарнитура во агенцијата требаше да ги вложи во спортската инфраструктура, како што се и базенот и во Струга, Домот на спортови, предвидените сали за боречки вештини. За сето горенаведено, бараме да се поведе истрага и органите на прогонот да отворат постапки за овој и сите претходно обајвени скандали поврзани со злопотреба на службената положба на Директорот на агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски. СДСМ и Заев се виновни за поразите измамите и криминалот за што на 12-ти април следи одговорност. Заев и СДСМ никогаш повеќе!“ нагласи Неделковски

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата