ЛА Лејкерси утринава потврдија дека дерби деулот со Клиперс ќе биде одложен поради смртаа на Коби Брајант, неговата ќерка, како и останатите лица кои се најдоа на кобниот лет.

Додека светот и натаму е во шок, дел не сакаат да ја примат веста дека легендарниот кошаркар го нема повеќе, има и такви кои од оваа трагедија сакаат добро да заработат.

Станува збор за „тапкарошите“, местата кои не чинат повеќе од 84 долари, по смртта на Коби на „црниот пазар“ изнесуваат 1,200 долари.

Тука не застануваат изненадувачките информации кои доаѓаат од САД, едно место покрај теренот чини 28,050 долари. Во историјата НБА-лигата до сега не се случило вакво нешто, билет на еден меч да се продава по таа цена.