Се погласни стануваат информациите дека новиот тренер на Барселона, Кике Сетијен засега е лош „експеримент“.

Откако каталонскиот гигант беше поразен од Валенсија со 2-0, Сетијен призна дека неговите момци не го разбрале добро, и дека заедно со својот стручен штаб имаат проблем во начинот на објаснување. Оваа информација ја пренесоа каталонските медиуми, работите во соблекувалната на Барселона не стојат најдобро.

Од неговото доаѓање, првакот на Ла Лига двапати победи и еднаш беше поразен, но тоа не ги загрижува првите луѓе на клубот, туку довербата која новиот стратег полека ја губи кај играчите. Дел од фудбалерите не ги разбираат неговите идеи и зборови, пишува каталонски спорт.

Овој 61-годишен тренер во кариерата нема освоено ниту еден трофеј, ниту има искуство со водење на голем тим како што е Барселона. Неофицијално дел од играчите не се задоволни од нивните позиции, играат на места на кои можат да направат повеќе грешки, и најважно можат да му наштетат на својот тим.