Дефанзивецот Дарко Глишиќ го засилува тимот на Шкупи. Тој и тимот од Чаир се договорија на соработка од една ипол сезона.

Глишиќ ја комплетира одбраната на Шкупи, а тој треба в четврток да му се приклучи на тимот на подготовките во Анталија.

Дефанзивецот во својата кариера има освоено три шампионски титули со Вардар, како и две титули во грузискиот шампион, каде исто така двапати е освојувач и на Националниот куп.

Глишиќ има играно и за Напредок и Тетекс, додека во интернационалната кариера ги бранел боите на Олимпик Сараево во БиХ, Динамо Тбилиси во Грузија, а неодамна играше на Бугарија, прво за Септември од Софија, а потоа и за Арда Карџали.