По пласманот во полуфиналето на АО, Новак Ѓоковиќ остави емотивна порака во чест на својот, како што го нарече, пријател и ментор, Коби Брајант и за неговата ќерка.

„Не знам што да кажам… Ова е неочекувано! Тој беше еден од најдобрите спортисти на светот на сите времиња. Ме инспирираше мене и многу други луѓе. Ја имав таа среќа да имам лична врска со него во последните десет години и кога ми требаше совет и поддршка тој беше тука за мене. Тој беше мој пријател и ментор и ми го крши срцето она што му се случи нему и на неговата ќерка“, изјави Ноле.

Ѓоковиќ на загревањето носеше тренерка со иницијалите и бројот на Коби, а остави и порака по мечот.