Роџер Федерер е првиот полуфиналист на АО. Со многу мака успеа да го победи Тенис Сандгрен со 3:2 во сетови. Во неколку моменти Роџер „висеше“, беше пренервозен, на моменти и пцуеше. 

Сепак шоуто на овој меч и припадна на Маријана Вељовиќ, убавата судијка од Србија кој во неколку наврати „удри“ по славниот Швајцарец, и тоа со зборовите…

„Ајде доста пцуеш, смири се, уште еднаш ако ова се повтори ќе добиеш опомена“, Роџер на ова само ја гледаше како загубен.

Интересно е тоа што убавата Маријана е една од најдобрите тениски судијки во светот, а нејзе посебно ја симпатизираат хрватските тениски фанови, кои на овој АО и посветија и песна.