Коби Брајант покрај кошарката ИМАШЕ И ДРУГИ ТАЛЕНТИ! Погледнете како се снајде во улога на пијанист (ВИДЕО)

28.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Коби Брајант покрај кошарката ИМАШЕ И ДРУГИ ТАЛЕНТИ! Погледнете како се снајде во улога на пијанист (ВИДЕО)

Покрај сјајните кошаркарски вештини што го прават еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант  пред неколку години се испроба и како музичар.

Една компјутерска компанија сними реклама во која Коби придружуван од оркестар, ја свири „Месечева Соната“ на Бетовен и одлично се снајде во улогата на пијанист.

Коби Брајант и неговата ќерка Цијана загинаа во хеликоптерска несреќа, а американските власти ги идентификуваа сите девет патници кои загинаа во несреќата.

Легендарниот кошаркар, еден од најдобрите на сите времиња, со сопругата Ванеса имаше четири ќерки Наталија (17), Џијана (13), Бјанка (3) и седуммесечна Капри.

Тој ја заврши својата брилијантна дводецениска кариера во 2016 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата