Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

28.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода, соопшти ЈП Водовод и Канализација – Скопје. Со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, јавното претпријатие го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

„Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.01.2020 до 24.01.2020 зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18)“ се вели во соопштението.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата