ЛА ВЕРИТА: Сенката на УЧК зад КУПОПРОДАЖБАТА на гласовите на Заев (ФОТО+ВИДЕО)

28.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛА ВЕРИТА: Сенката на УЧК зад КУПОПРОДАЖБАТА на гласовите на Заев (ФОТО+ВИДЕО)

Италијанскиот весник Ла Верита во денешнот број објавува детали од улогата на Захир Беќири Чауш во СДСМ, и неговото место во обезбедување гласови за Заев. Екс-премиерот имал контакти со паравојник кој можел да влијае на дел од Албанците, во однос на лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, пишува Ла Верита.

Од Ларис Гајзер (28.01.2020)

Документите што се однесуваат на снимените разговори помеѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите соработници, поднесени во овинителството во Скопје, укажуваат на сенката на екс-паравојниците од УЧК кои исто стојат зад евентуалната купопродажба на гласови за која македонските обвинители започнаа со истраги во 2014-та година.



Во неколку извадоци од документот има и телефонски разговор помеѓу Захир Беќири, викан Чауш, кој го советува Заев да исконтактира со екс-командантот на УЧК, Изаир Самиу Баци, кој живее во Тетово. Според Беќири Чауш, паравоениот командант можел на СДСМ да му донесе 5.000 гласови. Чауш има директен пристап до шефот на СДСМ, бидејќи во тоа време се сметал за еден од неговите најблиски соработници во сферата на безбедноста.

Неговото влијание почнува да опаѓа кога за време на претрес во 2016-та година, полицијата наоѓа кај него дома околу 30.000 лажни документи меѓу кои пасоши и лични карти.

Според тоа што стои во документите, Беќири го информирал Заев дека Изаир Самиу Баци може да му биде од помош, и подвлекол дека неговото присуство може да му овозможи придобивање на дел од албанските гласачи во однос на лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, коишто ќе се уплашеле од командантот Баци.



Командантот на УЧК бил дел од албанскиот бунт во 2001 година во Македонија и од страна на американската администрација е сметан за еден од најопасните луѓе на Балканот. Тој долго време се наоѓал на Американската Црна Листа, содржана во National Emergency Act. Листа составена од луѓе кои претставуваат опасност за стабилноста на Западен Балкан со тоа што поддржуваат екстремистички движења.



Евентуалното барање политичка помош на екс-премиерот од луѓе обвинети за тероризам би требало сега да предизвика продлабочување на истрагата од страна на надлежните институции.

Во меѓувреме Зоран Заев реагираше на нашите објавувања подвлекувајќи дека претходната влада на Никола Груевски, доколку истрагите утврделе незаконитости, веднаш ќе го искористела тоа.

Со неговата изјава тој сам себе се побива бидејќи дури не се ни обидува да прикаже дека во Македонија има поделба на властите, помеѓу судската и политичката, а токму на заткулисниот паралелен договор помеѓу Груевски и Заев се потпира македонската политичка шаховска табла, со нејзината константна нестабилност, пишува Ла Верита.

Весникот анализира дека Никола Груевски уште во 2014 година почнал да добива бројни сигнали од меѓународната заедница дека не е посакуван како премиер во иднина, додека пак Заев отпочнуваше да се фали поради поддршката од Европската Унија и од САД и Обама. Додека Заев знаеше дека за неговото доаѓање на власт ќе добие се што е доволно од европските сојузници, со цел да ги смени Уставот и Името, Груевски за да си го гарантира спасот почнува со собирање информации со потенцијал да му наштетат на противникот. Видеото од 2015 година, достапно на интернет, од средбата кадешто Заев го информира Груевски дека има компромитирачки материјали, докажува дека Груевски многу добро се подготвил за евентуалната уцена.

Ла Верита пишува дека бегството на Груевски, непопречено од ниту една институција, со коешто го остави македонскиот народ осамен против уцените и притисоците коишто ги објавивме минатото лето, е само епилог на една типична размена на услуги коишто доколку се сака да се избегнат, државата мора итно да воспостави функционален и независен правен систем. Прв и витален услов за иднината на државата во Европа, пишува Ларис Гајзер во денешното издание на Ла Верита.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата