Стаменковска открива СКАНДАЛИ: Не се почитувале судски одлуки во корист на вработени во Министерството на МАНЧЕВСКИ

27.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стаменковска открива СКАНДАЛИ: Не се почитувале судски одлуки во корист на вработени во Министерството на МАНЧЕВСКИ

Со влегувањето на Невенка Стаменковска Стојковски на местото заменик министер за информатичко општество од ВМРО-ДПМНЕ, почнаа да излегуваат на виделина неправилностите и неправдите кои се случувале врз вработените во јавната и државната администрација.

Во 24 Телевизија, таа изјави дека досега до неа има стигнато многу жалби од вработени лица во администрацијата кои подлежеле на неправда.

- Сте избркале лице поради тоа што не ви бил партиски истомисленик, си ја терал процедурата на суд, на суд првостепен и на Апелација, и има решение за да се врати на работа. Секој ден тоа лице оди на работа и притоа вие не го евидентирате во Агенцијата за вработување како вработено лице и не му давате работни обврски. А, згора на тоа распишан е оглас за вработување на ново лице од надвор за истото работно место на оштетениот, го обвини Стаменковска Манчевски.

Според неа, ова не е единствен случај каде што раководни лица вршат терор врз вработени јавни и државни службеници, а Министерството за информатичко општество предводено од СДСМ, не ги заштитува нивните права и обврска. Стаменковска запраша зошто на тоа лице на коешто Судот му досудил пресуда дека е незаконски избркано од работа од директор на СДСМ, не се враќа повторно на работа и не му се запишуваат работни обврски.

Дамјан Манчевски рече дека за непочитување на Судот на директорот му следува кривична одговорност, но сеуште е нејасно зошто досега не е изреагирано по налог на судското решение.

Стаменковска го претрка, велејќи дека токму за овој случај како и за многу други со вакви и слични нерегуларности ќе поднесе процедура од идниот понеделник.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата