Со новите прописи од 1 март ПОЧНУВА СТАМПЕДО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА

27.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со новите прописи од 1 март ПОЧНУВА СТАМПЕДО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА

Илјадници работници од Балканот со нетрпение го чекаат 1 март, кога во Германија ќе стапат во сила новите закони за квалификувана работна сила.

Новиот закон ги проширува можностите за квалификувани професионалци надвор од Европската унија да влезат во првата економија во Европа за вработување, пишува Ал Џезира Балкан.

Центрите за советување се наоѓаат во цела Германија, каде што се даваат бесплатни совети од областа на трудот и социјалното право на вработените во Германија кои се од Централна и Источна Европа.

Новина е и тоа што апликантите со квалификувано стручно образование (стручни квалификации вклучуваат стручно образование за кое е утврден минимум период од две години во Германија), и не само високообразовани, како и досега, доколку имаат соодветно познавање на германскиот јазик и осигурено издржување тие можат да дојдат во Германија на шест месеци со цел да најдат работа.

Кои работни места во моментов се најбарани во Германија?

Бројот на отворени работни места во Германија е околу 1,4 милиони. Најбарани се здравствени работници, лекари, физиотерапевти и медицински сестри, IT експерти, инженери и занаетчии во градежната индустрија, а потоа следуваат професионалци во авио индустријата, мехатрониката, електротехниката, енергетската технологија и други MINT професии, како и од занаетчиството.

Според новиот закон, IT експертите можат, под одредени услови и со минимум тригодишно работно искуство, да дојдат во Германија без официјална диплома.

Што ќе се бара од потенцијалните работници (ниво на образование, јазик ...)?

Важно е прво да се признае квалификацијата и дури потоа да се поднесе барање за виза. Пред да аплицираат за виза, заинтересираните апликанти треба да имаат формална одлука со која треба да имаат службено решение за признание на својата професија. Ова може да се направи уште пред да стапи во сила новиот закон.

Веднаш штом ќе добијат одлука за признавање на нивните стручни квалификации, со соодветно познавање на германски јазик и финансиска поддршка, апликантите можат да аплицираат за виза за да дојдат во Германија и да прифатат понуда за работа погодна на нивната квалификација (најмногу до шест месеци).

Ако германските институции само делумно ја признаат професионалната квалификација, заинтересираните апликанти можат да добијат виза за обука и квалификација во Германија. Под одредени услови, тие веќе можат да добијат работа за време на тоа дополнително образование.

Матурантите кои се на возраст под 25 години и имаат завршено средно образование, можат да дојдат во Германија најмногу на шест месеци за да конкурираат за место за да продолжат со стручното оспособување, ако нивната диплома од средното училиште им дозволува да се запишат на студии и доколку имаат докази за добро разбирање на германскиот јазик (ниво Б2) и ако имаат финансиски средства да се издржуваат самите себе.

Нешто поразлични прописи ќе се применуваат за квалификувана работна сила над 45-годишна возраст.

Доколку сакаат да дојдат во Германија за вработување, ќе треба да достават договор за вработување со минимална плата или доказ за соодветно финансирање во староста. Потребни се познавања на јазикот особено за влез во потрага по место за обука или наоѓање на работа како квалификуван професионалец.

Се претпоставува дека ова ќе биде на ниво на јазик Б1 со цел да се пронајде вработување во Германија по процесот на признавање на дипломите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата