Заврши спасувачката акција во Турција - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ

27.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заврши спасувачката акција во Турција - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ

Во Турција запре акцијата за спасување на загинатите после земјотресот во петокот во кој досега животот го изгуби 41 лице. Акцијата беше стопирана откако службите за итни случаи го пронајдоа телото на последното лице кое беше извршено претресно под урнатините на зградата.

Земјотрес со јачина од 6,8 степени ја погоди провинцијата Елазиг во петокот вечер, на околу 550 километри источно од Анкара, како и соседна Малатија. Повеќе од 1.600 лица се повредени, од кои 86 во болница.

Властите ги предупредија жителите да не влегуваат во оштетените згради заради ризик од уривање и последователни земјотреси, па многумина останаа на отворено на температура од минус шест степени Целзиусови. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека владата ќе обезбеди финансиска помош на луѓето чии домови биле оштетени.

Според него, ќе се градат околу 1.000 привремени куќи, а некои училишта и џамии во моментов се користат како засолништа. Досега 45 лица се спасени под урнатините. Министерот за урбан развој Мурат Курум рече дека властите започнале со рушење на 22 оштетени згради во Елазиг, а изградбата на 2.000 нови домови ќе биде завршена до крајот на годинава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата