Бројот на загинати во земјотресот во Турција се искачи на 40 лица

27.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бројот на загинати во земјотресот во Турција се искачи на 40 лица

Бројот на загинати во земјотрес во Турција се искачи на 40 лица, откако спасувачите извлекоа тело од под урнатините на куќа во градот Елазиг. Во земјотресот со јачина од 6,8 степени што го погоди источниот дел на земјата во петокот вечерта повредени се повеќе од 1.600 луѓе. 45 преживеани биле извлечени од урнатините, пренесува АП.
         
Земјотресот уништи 76 згради и оштети повеќе од 1.000, чии станари бараа засолниште во шатори, џамии, училишта, спортски сали и домови. Поставени се повеќе од 9.500 шатори и се најавува дека околу 2.000 станови ќе започнат со изградба во април.
        
Во болница се задржани 86 лица, од кои 18 се во одделенија за интензивна нега. Скоро 4.000 луѓе се ангажирани во спасувачки операции, како и 22 кучиња. Земјотресот со јачина од шест степени го погоди Елазиг и во 2010 година, при што загина 51 лице.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата