Galaxy S20 и Galaxy Buds+ на нови фотографии

27.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Galaxy S20 и Galaxy Buds+ на нови фотографии

Добропознатиот дојавувач Evan Blass (@evleaks) објави неколку фотографии од Galaxy S20 линијата смартфони, кои делуваат како да се од официјална промо селекција. Рендерите вклучуваат и една фотографија на која е прикажен бесплатен сет од Galaxy Buds+ слушалките за оние кои ќе ги преднарачаат S20+ или S20 Ultra.

Фотографиите потврдува доста од она што досега го слушнавме за Galaxy S20 линијата, вклучувајќи го и необичниот систем на камери на задната страна, со 100x “space zoom” поддршка за Galaxy S20 Ultra моделот.

Покрај системот на камери (Ultra моделот ќе има главен сензор од 108MP), Galaxy S20 линијата би требало да ја карактеризира понапредна надградба, со побрз Snapdragon 865 процесор (на одредени пазари), до 16GB RAM и 120Hz дисплеи.

Galaxy Buds+ би требало да имаат значително подолг век на траење на батеријата и квалитет на звук, со задржување на целосно безжичниот идентитет.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата