Нови детали од истрагата пристигнуваат секој момент по трагичната хеликоптерска несреќа во кој загина Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана, како и уште седум лица.

Имено Брајант одлучил да лета на сопствен ризик со оглед на тоа дека поради лошите временски услови, локалната полиција ги спуштила сите свои хеликоптери. Националниот совет за безбедност при патување е одговорен за истрагата која е започната.

Портпаролот на полицијата во Лос Анџелес, Jош Рубенштајн изјави дека е било решено да не се лета поради големата магла и слабата видливост: „Временските услови не ги исполнуваа минималните стандарди за лет. Поради маглата не летавме.“