НБА лигата не ги одложи натпреварите закажани за ноќва и покрај шокот кој целиот спортски свет го доживеа по трагичната смрт на Коби Брајант.

Два дуели меѓу Хјустон и Денвер, односно Сан Антонио и Торонто веќе се играат, а другите треба да стартуваат на полноќ по наше време, но кошаркарите одбиваат да играат.

Дел од нив, особено оние чии Брајант беше добар пријател нема да истрчаат на теренот. Кајри Ирвинг, откако ја слушнал веста, ја напуштил арената без намера да се врати и како што јавуваат американските медиуми нема да игра на дуелот меѓу Бруклин и Њујорк од “лични причини”.

Кошаркарите плачат на клупите и никој нема желба да игра…