Во големата несреќа во која загина Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана Марија Оноре Брајант, била и нејзина друга со својот татко. Заедно патувале на кошаркарски натпревар во младински лиги, кој се играл во близина на Калифорнија, откриваат тамошните медиуми.

Петото лице кое било во хеликоптерот е пилотот. Засега нема информации околу причината за големата трагедија која го потресе целиот свет, социјалните мрежи се преполни со фотографии и пораки со сочувство до семејството на Коби, како и на останатите кои се најдоа на овој кобен лет.