Домагој Дувњак, најкорисниот ракометар на Европското првенство кое му припадна на стариот-нов шампион, немаше сили да зборува по поразот.

Тешко е да се прифати фактот дека оваа генерација третпат се најде во финалето на овие натпреварувања, и третпат не успеа да дојде до тронот.

„Тажен сум, им честитам на соиграчите. Претажен сум, не знам што да кажам. Покажавме карактер и покрај се“, изјави Дувњак и заплака, новинарката на РТЛ мораше да го прекине разговорот со него.