Хрватска не успеа да дојде до посакуваниот златен медал, беше поразен од Шпанија со 22-20, во меч во кој имаше свои шанси.

Клучниот момент се случи на минута и пет секунди до крајот, Игор Карачиќ направи чекор повеќе, а македонските арбитри, поточно Ѓорѓи Начевски му ја одзеде топката. Алекс Душебаев во следниот напад го постави конечниот резултат.

Червар повика тајм-аут на кој целосно ги загуби нервите,

„Отиде времето. Ни украде топка, да му „е*ам матер…Ајде да го завршиме овој напад“, рече Червар.

Ова не беше единствен ваков тајм-аут, преходно Шпанците ги нарече 40-годишници во моментите кога тие се вратија по негативата од три гола, а потоа и поведоа.