Манчестер Јунајтед се пласираше во следното коло од ФА Купот, откако денеска го „начека“ тимот на третолигашот Транмере и се „истури“ поради се она што му се случуваше во изминатиот период, па постигна шест гола. Првиот гол беше дело на стоперот Хари Мегваер кој што по критиките успеа да погоди.

Другите голови ги дадоа Далот, Лингард, Џонс, Марсиал и Гринвуд. Лингард исто така успеа да постигне гол по критиките што ги претрпе во изминатиот период.

Претходно учество понатаму обезбеди и Манчестер Сити кој со 4:0 го совлада Фулам.