Ердоган: Хафтар го крши примирјето во Либија

26.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган: Хафтар го крши примирјето во Либија

Командантот на либиската Национална армија (ЛНА) Калифа Хафтар го крши прекинот на огнот во Либија и затоа не може да се очекува да го почитува примирјето меѓу неговите сили и провладините трупи, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Говорејќи за време на посетата на Алжир, Ердоган рече дека не смее да се дозволи Либија да се претвори во место за терористички организации и воени лидери, пренесе „Ројтерс“.

Турскиот претседател подвлече дека силите на Хафтар во неколку наврати го кршеле прекинот на огнот и додаде дека меѓународната поддршка за ЛНА влијае негативно врз Хафтар.

„Во овој момент, треба јасно да видиме кој е Хафтар“, рече Ердоган и додаде дека тој е човекот кој исто така ги предал своите претпоставени во минатото.

„Не може да се очекува милост и разбирање од некој како него кога станува збор за примирје“, истакна турскиот претседател.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата