Кинеска провинција им нареди на своите 110 милиони жители да носат заштитни маски

26.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кинеска провинција им нареди на своите 110 милиони жители да носат заштитни маски

Властите во кинеската провинција Гвангдонг им наредија на граѓаните да носат маски во јавноста поради појавата на епидемијата на коронавирус.

Уредбата стапи на сила денес, и се смета за мерка за борба против вирусот, пренесува „Синхуа“.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи денеска се прикажани граѓаните како носат маски во јавниот превоз, улиците, маркетите, а со заштитни маски се и возачите на автобусите и таксистите.

Во Гвандонг живеат над 110 милиони жители.

Досега, 56 луѓе починаа од коронавирусот, а над 2.000 лица се заразени.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата