СЕХА лигата ги одреди термините за одигрување на осминафиналните натпревари оваа сезона. Еурофарм Пелистер гостува во првиот натпревар против Нексе во Нашице на 1 февруари (15 часот), додека реваншот е закаж за 12. февруари во 20:15 часот во Битола.

Доколку Еурофарм Пелистер успее да го добие двобојот со Нексе, ќе игра против Вардар за место на фајнл-фор завршницата.