(Видео) Воена парада во Индија за Денот на републиката

26.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Воена парада во Индија за Денот на републиката

Илјадници Индијци излегоа во ЊуДелхи, за да присуствуваат на воената парада посветена на Денот на Републиката и 70-годишнината од воведувањето на демократија во земјата.

Студенти, танчери, фолклористи, но и полициски и армиски баталјони маршираа по патеката за време на парадата, а зад нив беше прикажана воената опрема која ја поседува земјата.

Парадата траеше 90 минути и се емитуваше во живо на телевизија.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро беше главен гостин на годинешната прослава.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата