Вице Заев за пишувањата во „Ла Верита“: Бев постојано прислушуван, НО НЕМАШЕ НИШТО, СЕ ИМ ПРОПАДНА

26.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вице Заев за пишувањата во „Ла Верита“: Бев постојано прислушуван, НО НЕМАШЕ НИШТО, СЕ ИМ ПРОПАДНА

Струмичкиот бизнисмен Вице Заев, брат на лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев, реагира дека написите во „Ла Верита“, врз основа на кои ВМРО-ДПМНЕ го обвинува дека бил дел од злосторничко здружение за спроведување на изборен криминал, се стари режимски монтирани случаи. Во изјава за Фокус, тој вели доколку имало макар мала вистина во ваквите обвинувања, обвинителството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски немало да ја запре постапката и да не преземе ништо.

-Мене и јавноста ова не потсети на методите и дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиуми од едно минато време на режимот. Време на конструкции, монтажи, монтирани случаи во судството и обвинителството, јавен отстрел на семејства, неистомисленици… Време кога главна мета на најдолните измислици и монтировки беше токму Зоран Заев. Сите овие монтирани случаи и местенки, вклучително и за ова што сега очајно се повторува, издишаа како балон, затоа што за измислици не може ниту да има докази – ни изјави Заев.

Тој тврди дека бил постојано прислушуван за време на претходната власт на ДПМНЕ и Груевски, меѓутоа, како што истакнува, од сето тоа не произлегно ништо и затоа се им пропаднало. Воедно, Заев посочува дека изборната кражба на споменатите парламентарни избори во 2014 година не ја спровел СДСМ, туку ВМРО-ДПМНЕ, што, според него, било јасно од објавените „бомби“.

-Изборен грабеж, лажни лични карти, Пустец, кражба на изборен материјал, блокирани лифтови, црни вреќи, влечење за уши… се тоа е дел од изборните манипулации на ВМРО-ДПМНЕ. Оставам јавноста да цени дали ова што сега се прави е поради страв од нов изборен пораз на ВМРО-ДПМНЕ, дали е поради членството во НАТО и ЕУ, или можеби поради страв од донесување на новиот Закон за Јавното обвинителство, кој ВМРО-ДПМНЕ очајно не сака да се донесе – вели братот на лидерот на СДСМ.

Инаку, италијанска „Ла Верита“ денес пишува дека постоечката документација во обвинителството се состои од извадоци од снимени разговори, според кои, како што заклучува медиумот, Заеви управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени со цел добивање гласови, особено на Ромите кои живеат во Струмица.

Извор: Фокус

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата