Стоилковски: Техничкиот премиер наместо гарант за фер избори ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВА ПОЗИЦИЈАТА ЗА ПАРТИСКИ ЦЕЛИ

26.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стоилковски: Техничкиот премиер наместо гарант за фер избори ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВА ПОЗИЦИЈАТА ЗА ПАРТИСКИ ЦЕЛИ

Денешната фарса во владата наречена „Презентација на Оперативен план…“ ја покажа севкупната партизација и злоупотреба на власта на СДСМ, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Самото учество на Оливер Спасовски, но и на неговите сопартијки Мила Царовска како министер, Санела Шкријељ како дополнителен заменски министер и Биљана Јовановска како директор на АВРМ значи класична злоупотреба на државата, на владата и на институциите во изборни цели.

Срамно е технички премиер, на техничка влада која што треба да биде гарантот за одржување на фер и на демократски избори да ја злоупотребува актуелната позиција и во партиски изборни цели да прави некаква “Презентација на Оперативниот план“ па притоа и тоа да биде „активни мерки за вработување за 2020 година”.

Прво, ниту Спасовски, ниту било кој од партиските денешни презентери од СДСМ во владата, немаат мандат подолг од три месеци, ниту пак ингеренции за спроведување на “Оперативен план” вон спроведување на изборите.

Второ, темата на која се зборува „вработување“, а во насока на партиските изборни цели, дополнително е коруптивна за време на техничка влада за спроведување избори.

Трето, не помалку важно, ако е ова план и презентација на владата, која што е техничка и во неа има министер во МТСП од опозицијата, зошто на презентацијата не е викната МИзрахи, туку е викнат партискиот кадровик на СДСМ во министерството, Шкријељ?

Ова е класична злоупотреба на Владата, на позицијата Технички премиер, на позицијата министер, и на позицијата Дополнителен заменски технички министер.

СДСМ имаше цел мандат за спроведување планови, но наместо за граѓаните спроведуваше рекет и богатење на криминалниот клан.

Спасовски, Царовска, Шкријељ и Јовановска треба да бидат санкционирани за злоупотреба на службената положба и овластување заради оваа презентација само и само во партиски изборни цели во насока на изборна корупција.

ДКСК, ДИК и другите надлежни институции мора да поведат сметка за ваквите делувања кои излегуваат од рамките на техничка влада со ограничени ингеренции. Иако формално изборите не се распишани, со самото тоа што изборниот ден е договорен и потврден од сите политички актери и притоа на сила е техничка влада за спроведување на изборите, однесувањата мора да бидат разгледувани од аспект на изборна корупција.

Се друго е фарса, се друго значи дека ниту ДКСК нема да си ја исполни превентивната улога која ја носи и во самото име комисија ЗА СПРЕЧУВАЊЕ на корупцијата, туку само ќе се сведе на констатирање на состојбите по извршена корупција, пишува Стоилковски на Фејсбук.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата