Политичари и бизнисмени дел од групата на „Телеграм“ каде СЕ СПОДЕЛУВААТ ЕКСПЛИЦИТНИ ФОТОГРАФИИ ОД МАЛОЛЕТНИЧКИ

26.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Политичари и бизнисмени дел од групата на „Телеграм“  каде СЕ СПОДЕЛУВААТ ЕКСПЛИЦИТНИ ФОТОГРАФИИ ОД МАЛОЛЕТНИЧКИ

Името на групата на апликацијата „Телеграм“ каде што се споделуваат порнографски видеа и фотографии од девојки од Македонија, од кои дел се малолетни, е променето од „Јавна соба“ во „Само за возрасни“, бројот на членови се намали, но фотографии и понатаму продолжуваат да се споделуваат.

Откако вчера беше обелоденето постоењето на оваа група на апликацијата „Телеграм“, каде што членовите меѓусебно си споделуваат разголени фотографии од девојчиња, социјалните мрежи зовреа од коментари и реакции. Голем дел од нив се однесуваа и на тоа зошто девојките воопшто правеле разголени фотографии, нешто што според Хелсиншкиот комитет, само укажува на двојната виктимизација во ваквите случаи.

А1он“ влезе во таканаречената „Јавна соба“ и можеше да ги следи коментарите и споделените фотографии и видеа од над 7.400 членови, а меѓу нив, според телефонските броеви, забележавме и поранешни високи функционери, менаџери на кафулиња, новинари, бизнисмени… Паника настана кога групата беше јавно објавена, па за неполн час 600 членови ја напуштија. Останатите продолжија да споделуваат порнографски содржини, телефонски броеви од девојки и нивни разголени фотографии.

Целата вест на А1.он

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата