Потврден четврт случај на коронавирус во Јапонија

26.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Потврден четврт случај на коронавирус во Јапонија

Четвртиот случај на инфекција со новиот коронавирус е потврден денеска во Јапонија, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Вирусот е потврден кај 40-годишен маж од кинексиот град Вухан, кој во Јапонија дошол на одмор, јави „Ројтерс“.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави денеска дека Владата работи со кинеските власти за да обезбеди чартер лет за јапонските граѓани кои сакаат да се вратат од Вухан, градот во кој избувна епидемијата.

Досега, 56 луѓе починаа од вирусот во Кина, а над 2.000 луѓе се заразени ширум светот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата