Во нови немири во Багдад повредени најмалку 14 лица

26.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во нови немири во Багдад повредени најмалку 14 лица

Најмалку 14 лица се повредени денеска во Багдад во нови судири со демонстрантите и полицијата, додека 17 лица се повредени во јужниот град Насиријах.

Безбедносните сили повторно користеле борбена муниција и солзавец против демонстрантите во Багдад и другите ирачки градови, пренесува „Ројтерс“.

Новиот обид на полицијата да ги растера демонстрантите доаѓа неколку часа откако популистичкиот шиитски свештеник Моктад ал-Садр, кој има милиони приврзаници во Багдад и јужен Ирак, го најави повлекувањето од антивладините протести.

Поддржувачите на Садр почнаа да се повлекуваат од демонстрациите рано утрово по неговата објава.

Безбедносните сили отстраниле бетонски бариери во близина на плоштадот Тахрир во Багдад, кој со месеци собираше демонстранти и на еден од мостовите преку реката Тигар.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата