ЖЕЉКО БЕБЕК СЕ ВРАЌА ВО БИЈЕЛО ДУГМЕ: Имаше преубави моменти, кавгите веќе ги заборавив

26.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЖЕЉКО БЕБЕК СЕ ВРАЌА ВО БИЈЕЛО ДУГМЕ: Имаше преубави моменти, кавгите веќе ги заборавив

Судејќи по сите последни настани Жељко Бебек радо би се вратил во Бијело дугме! Како што истакна тој, имало премногу убави работи за да се сеќава на оние помалку убавите. Уште повеќе - тој целосно ги заборавил кавгите во бендот.

Првите концерти со првиот пејач, наводно, би можеле да се одржат во Сараево на есен.

Како што стареам, чувствувам дека се приближуваме едни на други. Дали повторно ќе бидеме соработници, не знам, но сè повеќе размислувам за нив. Кавгите меѓу нас веќе не се важни, ги заборавив сите. Имаше убави работи, така да не ги паметам кавгите“, рече тој, додавајќи дека тој сè уште ги пее хитовите на бендот

Адис Гојак, продуцент на „Бијело дугмее“, рече дека многу би сакале да го видат Бебек во своите редови.

Драго ми е што мисли така, но прво треба да организираме состанок, да седнеме и да разговараме за можна соработка. Ние претходно разговаравме за оваа можност. Се обидовме да постигнеме договор со него во разумни околности. Ова е нашата желба и немаме ништо против тоа. Со радост би се сретнале со него да договориме сорамботка“ вели тој.

Бебек последен настап со Бијело дугме имаше во 2005 година, на повратна мини-турнеја во која беа вклучени концерти во Сараево, Загреб и Белград.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата