Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

26.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, додека спасувачите се обидуваат да извлечат од урнатините 45 лица.

Медиумите објавија снимки од една 35-годишна жена и нејзините млади ќерки како се извлечени од  под урнатините, од страна на спасувачките тимови.

Спасувачите, кои работеа цела ноќ на минусни температури, се обидуваат да најдат преживеани на три локации во покраината, пренесува „Ројтерс“.

Повредени се над 1.600 лица.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата