Принцот Хари тешко се справува со целата ситуација, во Канада ДОЖИВЕАЛ НЕРВЕН СЛОМ

26.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Принцот Хари тешко се справува со целата ситуација, во Канада ДОЖИВЕАЛ НЕРВЕН СЛОМ

Принцот Хари и Меган Маркл пред две недели објавија дека се повлекуваат од кралските должности затоа што сакаат да живеат самостојно – во Канада. Двојката го стори токму тоа на крајот на 2019 година, кога се преселија заедно со нивниот син Арчи, кој ќе го прослави својот прв роденден во мај годинава.

Сепак, според пишувањата на en24.news, Хари и Меган не отишле во Канада сами, туку во придружба на тим на терапевти кои се грижеле за наводната емоционална вознемиреност на принцот.

Принцот едноставно повеќе не можеше да гледа колку лошо се справува неговата сопруга со улогата на аристократка. Стравуваше дека Меган ќе го остави и ќе го земе нивниот син Арчи и ќе замине. Сите тие околности си го земаа својот данок и во еден момент тој „пукна“, поради што со недели беше на терапија кај психијатар кој го посетуваше во вилата во Канада за време на божиќните празници“, открил непознат извор, велејќи дека Меган тоа го искористила и го советувала дека ќе бидат многу посреќни, доколку едноставно, се откажат од кралските должности и се отселат од Велика Британија.

Но кралскиот биограф и новинар, Пени Јунор не е премногу оптимист смета дека принцот, вртејќи го грбот кон кралското семејство, се нашол себеси „на сигурен пат до самоуништување“.

Меган беше несреќна и емотивно нестабилниот Хари го повлече со себе. Неговата одлука за преселба дополнително ја засили принцот Ендру, велејќи му дека, за жал, покрај неговиот постар брат Вилијам, тој секогаш ќе биде „втората виолина“ (истото се случи со него – Ендру живее во сенката на принцот Чарлс) … Исто така кралската „компанија“ ги користи парите за да ги контролира Хари и Меган. Веројатно ќе го присилеа да ја напушти сопругата еден ден, исто како што тврди принцот Ендру дека му направиле со Ферги…, убеден е Пени Јунор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата