Досега 56 лица починаа од корона вирусот

26.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Досега 56 лица починаа од корона вирусот

Бројот на смртни случаи од епидемијата на корона вирус во Кина се искачи на 56 лица, а над 2.000 луѓе ширум светот се заразени.

Според американските медиуми, кои се повикуваат на научна анализа, секој заразен ја пренесува болеста во просек на две или три лица.

Од денеска, северниот кинески град Тијанџин го запира меѓуградскиот автобусски за да го спречи ширењето на новиот коронавирус.

Властите во Хонг Конг објавија дека заради запирање на ширењето на епидемијата од денеска се затвораат популарните забавни паркови на Дизниленд и Оушн Парк.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата