Нови садници на Детската улица „Тоше Проески“

25.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нови садници на Детската улица „Тоше Проески“

Во чест на Тоше Проески, а по повод 39-годишнината од неговото раѓање, Општина Аеродром ја разубави Детската улица во Ново Лисиче што го носи неговото име.

Имено, стотината жардинјери во должина на патеката се збогатени со нови зимзелени и грмушести садници.

skopje-anketa-luge

На тој начин, велат од општината, граѓаните ќе уживаат во прекрасното место за прошетка, одмор и релаксацијa.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата