Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

25.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

Австралија и Малезија ги потврдија првите случаи на новиот коронавирус на нивната територија, додека од Кина стигна информација дека досега 41 лица починале од вирусот.

Австралија денеска го објави првиот потврден случај на коронавирус во државата Викторија, при што пациентот е хоспитализиран во стабилна состојба во предградие на Мелбурн, соопштија австралиските власти.

Кинескиот државјанин (50), кој пристигнал во Австралија во јануари, бил изолиран и лекуван во болница.

И Малезија денеска потврди три случаи на инфекција со коронавирус, први во Југоисточна Азија.

Во меѓувреме, Кина од 24 јануари потврдила 1.287 случаи заразени со новиот коронавирус, додека бројот на смртни случаи од вирусот е зголемен на 41, соопшти денеска Националната здравствена комисија.

Вирусот се појави во централниот кинески град Вухан кон крајот на минатата година, а се шири и во други градови, вклучувајќи ги Пекинг и Шангај, како и други земји – САД, Тајланд, Јужна Кореја,  Јапонија и Франција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата