Кепа Аризабалага беше платен дури 80 милиони евра на Атлетик Билбао за да стигне на местото на Куртоа. Добро тргна, но шпанскиот голман сезонава оддалеку е од епитетот „најскап“. Направи неколку киксови, а има и најмал процент на одбранети удари.

Токму од тука Челзи посакува да се реши од него, но тешко дека некој тим ќе даде многу пари, особено сега кога формата му е многу слаба. Така Челзи ќе носи нов чувар на мрежата, и тоа во името на голманот на Барнли, Ник Поп.

Овој голман сезонава брани фантастично, искусен е, и по мерка на Лампард.