Борусија Дортмунд со 5:1 го растури тимот на Келн на „Сигнал Идуна Парк“ во 19. коло од Бундеслигата. Гереро уште во 3. минута донесе водство, за Ројз да донесе 2:0 на полувремето.

Во вториот дел Дортмунд со гол на Санчо дојде и до 3:1, а Ут намали на 3:1. И тогаш на сцена стапи Халанд кој со два гола во финишот само ја потврди победата на „милионерите“.

Сега Норвежанецот во два меча за „жолто-црните“ има постигнато дури пет гола.