Милан минимално со 0:1 ја совлада екипата на Бреша. Како и минатиот меч со Удинезе, повторно човек на одлука беше Анте Ребиќ кој го постигна единствениот гол.

Хрватот со тоа покажа дека е во одлична форма, и покрај тоа што беше на излезна врата од „росонерите“. Но, со овие три гола во последните два меча, веројатно ќе биде задржан.