СКОПЈЕ БЕШЕ УРНАТО СО 6,1 СТЕПЕНИ - ТУРЦИЈА ЈА ПОГОДИ 6,8 СТЕПЕНИ: Се рушеа згради, хаос по улиците (ВИДЕО)

24.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СКОПЈЕ БЕШЕ УРНАТО СО 6,1 СТЕПЕНИ - ТУРЦИЈА ЈА ПОГОДИ 6,8 СТЕПЕНИ: Се рушеа згради, хаос по улиците (ВИДЕО)

На 26 јули 1963 година во 5:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди, а помали потреси имало до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1.070 негови граѓани, биле повредени над 4.000 граѓани.

Вечерва Турција на погоди земјотрес со јачина од 6,8 степени.

Турската агенција за управување со кризи соопшти дека земјотрес со јачина од 6,8 Рихтерова скала го потресе источниот дел на земјата.

Западните медиуми објавија дека четири лица ги загубиле своите животи, додека пак турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека досега едно лице  загинало, а уште две се повредени.

Земјотресот се случи во 20:55 часот по локално време во близина во источната провинција Елазиг, соопшти Кабинетот на катастрофи и вонредни состојби.

Според министерот за одбрана Хулуси Акар пак досега немало жртви во урбаните области на градот Сивирџе, но не ја исклучува можноста заради земјотресот животите да ги загубиле во руралните делови каде објектите се постари.

- Сивирџе беше сериозно потресен, ги испративме нашите екипи за спасување во регионот - им рече тој на новинарите додавајќи дека има извештаи за некои урнати згради во регионот.

Тој додаде дека трупите исто така биле подготвени веднаш да помогнат ако е потребно.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот  е со јачина од 6,7, а ги погодил и  Сирија, Грузија и Ерменија. Земјотресот е регистриран на длабочина од 6,2 км, според EMSC.

Државните медиуми во соседна Сирија објавија дека земјотресот бил почувствуван во неколку области од земјата. Локалните либански медиуми објавија дека земјотресот може да се почувствува во градовите Бејрут и Триполи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата