Хрватска се пласираше во финалето на Европското првенство по неверојатната драма со Норвешка и победа во четири продолженија. По мечот селекторот Лино Червар пред камерите со многу емоции го прокоментира мечот.

„Немам зборови да им се заблагодарам на играчите. Тоа беше херојски натпревар, ретко кој видел ваков. Бевме повеќе напнати од тоа кога бевме светски шампиони во Португалија. Не знам што да кажам, не сме биле во финалето десет години. Бевме во 2010 година и не успеав. Сега ја имам повторно таа чест. Ракометот не умре“, вели Червар.