400.000 мигранти од Сирија се движат кон Турција - ДАЛИ Е НА ПОВИДОК НОВ МИГРАНТСКИ БРАН?

24.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
 400.000 мигранти од Сирија се движат кон Турција - ДАЛИ Е НА ПОВИДОК НОВ МИГРАНТСКИ БРАН?

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на денешната прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека околу 400.000 луѓе од северозападната сириска провинција Идлиб се движат кон турската граница поради обновените напади од сириските владини сили.

Турски хуманитарни групи почнаа со изградба на повеќе од 10.000 куќи во Идлиб за да го засолнат растечкиот број лица раселени од борбите, додека Турција се обидува да спречи нов бран мигранти преку нејзината граница.

Ердоган рече дека Меркел му нагласила оти Германија може да обезбеди одредена поддршка за тие планови.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата