Поднесени три кривични пријави за градење без дозвола во Струга

24.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поднесени три кривични пријави за градење без дозвола во Струга

Струшката полиција поднесе кривични пријави против три лица, двајца стружани и еден охриѓанец, кои на тоа подрачје граделе без соодветни одобренија.

Во првиот случај поднесена е пријава против 54-годишен охриѓанец, кој во текот на 2018/2019 година во селото Горна Белица, во својство на инвеститор, изградил објект без одобрение за градење.

Во вториот случај пријава добил 62-годишник од Струга, под сомнение дека текот на минатата година во селото Мислешево бесправно изградил објект.

Третиот случај се однесува на 43-годишен стружанец кој се товари за сторени кривични дела бесправно градење и  узурпација на недвижност.

Како што информираат од МВР, во текот на 2019, на струшката улица Маршал Тито, на катастарска парцела во Градски Безистен, пријавениот без одобрение изградил деловен објект и узурпирал земјиште во државна сопственост.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата