Македонската ракометна репрезентација нема да игра два, туку само еден бараж за пласман на светското првенство што во јануари идната година ќе се одржи во Египет. Македонскиот тим испадна по првата фаза, па се прашувавме дали повторно ќе мораме да се пробиваме на големо натпреварување поминувајќи две или едно скалило.

Денеска ЕХФ го објави системот на натпреварување за пласман на СП 2021. Четирите наслаби селекции на ЕП 2020, Летонија, БиХ, Русија и Полска, ќе играат во првата рунда од баражите со репрезентациите кои обезбедија учество преку претквалификациите Литванија, Романија, Турција и Израел.

Победниците од овие баражи ќе одат во вториот бараж во кој се наоѓа и Македонија. Тие натпревари ќе се играат во јуни.